УКЛО објави конкурс за упис на студенти во прва година
Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го објави конкурсот за упис на студенти во прва година за новата академска година.
Според конкурсот, во новата академска година, на прв циклус студии ќе може да се запишат 3.635 бруцоши, од нив 2.005 редовни студенти во т.н. државна квота, 1.015 студенти со партиципација во студирањето и 615 вонредни студенти.
Најмногу слободни места за упис годинава нуди Економскиот факултет во Прилеп, вкупно 504, а потоа следуваат Технички факултет-Битола со објавени 490 слободни места, Факултетот за безбедност-Скопје може да запише 450 студенти, ФТУ-Охрид со 405, ФИКТ-Битола со 400 слободни места збирно во трите категории за студирање, Технолошко-технички факултет-Велес има 210 слободни места, Правен факултет-Кичево има 315, Педагошкиот факултет објави 225 слободни места, а Биотехничкиот факултет обезбеди можност за упис на 230 студенти.
На прв циклус студии Високата медицинска школа ќе запише 325, а Ветеринарниот факултет годинава може да запише максимум 45 студенти.
Првиот уписен рок во сите високообразовни единции на УКЛО-Битола ќе се реализира на 30 и 31 август.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот