Укинат куќниот притвор на Беким Незири

Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ осомничени во случајот „М-НАВ“ и мерката „куќен притвор“, а остануваат мерките на претпазливост.
- Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети како и наводите во изјавената жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат, стои во соопштението од Апелација.
При одлучувањето, како што се наведува во соопштението, овој Суд ги имаше во предвид и дадените предлози на Вишото јавно обвинителство Скопје со кои се предлага да се уважат жалбите на осомничените.
Ново на Сител
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
-

Филипче: Изградбата на коридорите е добар потег
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
