УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј - 24 Мај
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со свечености ќе ја одбележи 76-годишнината од основањето и прослава на патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј - 24 Мај.
Според агендата на Универзитетот, свеченото одбележување почнува пред платото на УКИМ со положување цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, додека во свечената аула на Ректоратот ќе бидат интонирани државната химна на државата, студентската химна „Гаудеамус“ и свечената химна на Универзитетот „Св.Кирил и Методија“ во Скоипје.
На свеченото одбележување ќе се обратат ректорката на Универзитетот проф. др-р Биљана Ангелова, претседателот на Универзитетското студентско собрание Александар Николовски.
Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени награди на најдобро дипломираните студенти за учебната 2023/2024 година, доделување на наградата „26 ЈУли“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2023/2024 година. Свеченото одбележување ќе заврши свеченоста со уметничка програма на ФМУ - Скопје.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта