УХМР: Врнежите ќе ја подобрат хидролошката состојба на реките и езерата
Од новите врнежи се очекува подобрување на хидролошката состојба на реките и на вештачките и природните езера. УХМР соопшти дека состојбата на водостоите кај водотеците покажува потпросечни вредности за овој дел од годината, само Дојранското Езеро од природните езера бележи натпросечни вредности (шест сантиметри до надминување на дозволениот максимум), пред сè поради работа на системот Ѓавато.
Под влијание на серија влажни бранови утре попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 литри на квадратен метар, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри на квадрат). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Врнежите кои се предвидуваат од синоптичарите се со вредности за повеќе од 24 часа, и очекувано е, посочува УХМР, овие врнежи да предизвикаат постепено зголемување на водостоите на реките и езерата, и да не предизвикаат поголеми проблеми, но доколку паднат за краток период на одредени помали сливни површини можна е појава на локални излевања.
– Според информацијата од прогностичките модели, на целата територија на нашата држава е можна појава на интензивни локални врнежи, па соодветно на тоа ќе посочиме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Како поизразени региони би ги посочиле крајниот запад, југозапад и северозапад, каде покрај можни локални излевања на помалите водотеци, можна е појава на свлечишта и одрони, особено на патниот правец Маврово-Дебар-Струга. Покрај овој регион за особена внимателност од можна појава на локални излевања ќе ги посочиме и сливовите околу планината Кожуф и гевгелиско-валандовскиот крај, информира УХМР.
Управата во информацијата наведува и дека при евентуална појава на интензивни врнежи во градските средини, очекувани се брзи истекувања по улиците и појава на локални плавења, а на одредени локации каде олуците се приклучени на обичната канализација можно е да дојде до поплавување на одредени подрумски простории поради преоптовареност на канализациските цевки. – Доколку атмосферските одводни канали и шахти се засипани со нанос и смет, очекувана е појава на заезерување кај улиците и подвозниците, укажува УХМР.
Ново на Сител
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме

