УХМР: Викендов температура до 39 степени Целзиусови
- Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, која од четврток до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени. Викендов во некои делови од земјава температурата ќе достигне до 39 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според податоците на УХМР, утре температурата ќе биде во интервал од 12 до 38 степени, в петок од 13 до 38, сабота од 14 до 39, в недела од 13 до 39, понеделник од 14 до 38 и во вторник од 13 до 37 степени Целзиусови.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 29 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува 19, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
