УХМР: Стабилно време до крајот на неделава, магла наутро, преку ден сончево
По котлините утре наутро ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.
Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Минималната темпратура ќе биде -1, а максималната 11 степени.
И во текот на оваа седмица ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по одделни котлини со променлив интензитет, освен утре попладне кога ќе има ветер со умерен интензитет што ќе предизвика преодно намалување на маглата.
В среда ќе има зголемена облачност и услови за локален слаб дожд.
До крајот на оваа недела минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени, а максималната од осум до 15 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
По предлог на Вајц, одложено гласањето за предлог-извештајот за напредокот на Македонија
-
ДУИ поднесе интерпелација за претседателот на Уставниот суд
-
ВРЕДИ се уште нема став за една изборна единица
-
Анкетна комисија за Кочани
-
Економскиот раст е добар показател, се бара решение за инфлацијата
-
Договорците во здравството година и половина чекаат решенија – од Здравство тврдат дека постапката е во тек
-
Скопје остана без приватни превозници, тврдат дека ЈСП им должи два и пол милиони евра