-->
-->
УХМР со нова прогноза, еве кога се очекува промена на временските прилики
-->

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 41 Гевгелија, 40 Д. Капија, 38 Струмица, Скопје, 37 Штип, Скопје Петровец, Битола, Виница, 36 Тетово, Тополчани, 35 Прилеп, 34 Охрид, Пожаране, Кр. Паланка, Берово, 33 Ѓуриште, Претор, 31 Маврово, 29 Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Од изутрина беше сончево и се потопло, најпрвин само понекаде со слаб северозападен ветер. Од пладневните часови на повеќе места имаше мала локална облачност и кон североисток почесто у умерен претежно северен ветер.
ВРЕМЕТО ВЕЧЕРВА И ПРЕКУ НОЌТА: Ќе се задржи ведро и понатаму топло, а ветерот ќе биде слаб и претежно северозападен.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој на север и вдолж Повадарието ќе засилува. Попладне претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ=9 Т-мин. од 14 до 20 а т-макс. од 31 до 40 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурата од 20 до 37 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Освежување најпрвина за северот од земјата ќе се почуствува од утре вечер. Температурата во петок ќе биде пониска за 3 до 5 степени. Од петок ќе започне и преиод со променлива облачност. Од попладневните часови и потоа преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови. Во недела во претпладневните часови врнежите ќе завршат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодов со температура која на повеќето места нема да надмине 30 степени. Понатаму не се очекува дека температурите брзо ќе се покачат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
