-->
-->
УХМР со најава за снег и во Македонија
-->
Во некои балкански земји времето личи на вистинска зима, иако е пролет. Снег има во Босна и Херцеговина.Во повеќето градови температурите се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места наврна и снег.
Снегот ги покри зелените гранки на овошките и ги загрижи земјоделците. Температурата е до пет степени.
Снег има во Босанска Краина – Приједор, Босански Петров и Цазин, и во Чемерно.
Снег падна и на загрепско излетничко место Сљеме. Во одредени делови на Хрватска температурата беше околу нула степени.
Инаку УХМР за денеска кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, па во вторник наутро ќе има услови за провејување на слаб снег на повисоките планини.
В среда утрото ќе биде студено, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
