-->
-->
УХМР: Се спрема силно невреме и пад на температурата
-->

Промена на времето со поројни врнежи од дожд и грмежи, најавува УХМР за недела попладне и во вечерните часови кога, како што соопшти, преку Македонија ќе помине влажен бран од север. На места се очекува да наврнат и над 25 литри на метар квадратен.
Утре во попладневните и вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи, а од недела вечер ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник, предизвикувајќи во наредните денови значително опаѓање на температурата.
Во понеделник попладне ќе настапи разведрување, кое ќе се задржи и во вторник, а нов влажен бран се очекува во среда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
-

60 граѓани се казнети за фрлање ѓубре после 22 часот
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
