-->
-->
УХМР од вечерва најавува ново невреме, викендов нови неприлики
-->

Во текот на ноќта од север ќе започне да навлегува влажна и постудена воздушна маса проследена со се посилен северен ветер. Во претпладневните часови во северните делови, а потоа и најмногу вдолж Повардарието, северниот ветер повремено ќе засилува и ќе биде проследен и со појава на повремен пороен краткотраен дожд и со појава на грмежи.
Утре преку денот времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи, кои ќе се пообилни во западните делови и на крајниот исток.
Во вториот ден од викендот ќе продолжи да дува повремено засилениот северен ветер и со умерената облачност ќе има и појава на повремен послаб дожд почест на север и на исток.
Овој влажен бран ќе ги спушти дневните температури во сабота и во недела, а во деновите потоа температурата ќе биде во пораст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
-

Преглед на вестите од светот
-

Новите предлог закони за високо образование и за квалитетот на високото образование
-

Недостигаат современи луксузни хотели
