УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Најмногу дож - 74 литри на квадратен метар во изминатите 12 часа наврна во скопско Црешево, по што следат Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри на квадратен метар, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
По 18 литри на квадретен метар наврнаа во Зајчев Рид и во Струмица, 15 на Попова Шапка,13 во скопската населба Карпош, 12 во Претор, по 11 во Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во скопски Петровец, 5 во Тетово, и по 3 литри на квадретен метар во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.
Од Управата посочуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
-Вечерва преовладува променливо облачно време, а слаб локален дожд има во Полошкиот Регион. До крајот на денот облачноста ќе се намали и во текот на ноќта не се очекуваат врнежи. Ќе преовладува претежно ведро време, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
