-->
-->
УЕФА најави фудбал без навивачи
-->
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изјавил дека завршницата на Лигата на шампионите и Лига Европа ќе се игра без присуство на навивачи. УЕФА сака да го исклучи ризикот од зараза со коронавирусот.
Натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа ќе продолжат во август. Завршницата на Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон, а на Лига Европа во Германија.
„Кога ќе ви се случат вакви работи, како што сега е пандемијата со вирусот Ковид-19, најважное е да реагирате и да имате план. Од почетокот сум оптимист дека ќе ја завршиме сезоната. Клучна беше одлуката да го одложиме Европското првенство за 2021 година. Таа одлука ни даде простор и ни обезбеди термини. Засега завршницата на европските клубови ќе се игра без публика, не сакаме да ризикуваме. Сепак оптимист сум дека бргу ќе дојде денот кога трибините повторно ќе бидат полни“, рекол Чеферин за магазинот „Директ“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија