Удриле во ограда и излетале од патот - Тројца повредени во сообраќајка кај Неготино
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера се случила околу 11 часот на автопатот А1 Неготино - Демир Капија, во месноста Острово, близу Неготино.
Како што информираат од МВР, две лица бсе тешко повредени и се пренесени во болницата во Велес па препратени на клиниките во Скопје, а едно има повреди и е однесено во Здравствениот дом во Неготино, по што е пуштено на домашно лекување.
- Возилото со странски регистарски ознаки удрило во еластичната ограда на автопатот, по што излетало од коловозот. Со повреди се здобиле три лица од кои едното со тешки телесни фрактури, но не во животно загрозувачка состојба, соопштуваат од МВР.
Началникот на Службата за итна медицинска помош од Неготино Ратко Грков кажа дека една девојка која кај нив била донесена по сообраќајката, се здобила со набиеници и длабоки посекотини кои биле санирани.
Грков нагласува дека две возила на итната медицинска помош веднаш по повикот пристигнале на лице место во најкус можен рок. Тој потсетува дека од пред некој ден на автопатот кон Грција деноноќно има дежурна медицинска екипа со возило, се со цел најбрзо што може да се одговори во случаи на евентуални сообраќајни несреќи. Со одлука на Министерството за здравство, смените наизменично ги држат медицински екипи од 7 општини.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот