-->
-->
Удрил полицаец со мотор и потоа побегнал
-->
Вчера околу 20.00 часот во Куманово, на бул.„Октомвриска револуција“, од страна на полициски службеници на возач на моторцикл му бил даден знак да застане, но тој не ја испочитувал наредбата, туку продолжил да се движи во правец кон полициските службеници и со моторциклот удрил еден од нив во пределот на ногата. Потоа, изгубил контрола и паднал, по што се дал во бегство. По преземени мерки моторциклистот бил пронајден и приведен во полициска станица. Неговиот идентитет бил утврден и станува збор за Н.С.(28) од Куманово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование