УЧК и се заканува на Србија, графит со страшна порака осамна во Прокупље
На скалите кај железничкиот мост во центарот на Прокупље во саботата попладне се појави графит кој укажува на закани од Албанците и ги збуни жителите на овој град. За сега не се знае кој го напишал, но предизвика бурни реакции.
Тој е напишан со црн автолак преку целите скали, кои ги користат работниците од центарот на градот кога доаѓаат до болницата, или на работа во една од фирмите во тој дел од градот.
-Утрово кога поминував по овој пат немаше ништо, а попладнето кога се враќав од работа го видов. Сигурен сум дека во прашање е закана, вели еден жител за графитот.
Прокупље е прва поголема средина меѓу Ниш и Подујево и низ оваа општина минуваат товарни возови и сите возила кои одат кон админстративниот премин Мердаре кој ги поврзува Косово со Србија.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер