-->
-->
Училиште во Србија забрани бермуди, па момче дојде во фустан
-->
Училиште во Србија им забрани на учениците да носат бермуди на часовите, па еден ученик дојде до занимлива идеја како „да го заобиколи“ тоа правило и за тоа се пофали на „Тик-ток“… Видеото со наслов „Ги почитувам сите правила“, за неколку дена собра над 800.000 прегледи.
Имено, момчето од едно Средно политехничко училиште дошло на училиште во фустан.
– Нели не е дозволено да доаѓаш на училиште во „шорцеви“? – Не е дозволено. Брате, па јас ќе доаѓам во фустан како маж. Ајде избркај ме сега, па нека (биде така). Колку добро ми стои…, вели ученикот во видеото.
Тој, исто така, откри дека го зел фустанот од мајка му, па доби стотици коментари на поддршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство