Училиштата во Сараево веќе нема да ги сметаат босанскиот, хрватскиот и српскиот за еден јазик
Министерството за образование, наука и млади на кантонот Сараево, кое е надлежно за образованието во босанскиот главен град, донесе одлука да престане да се употребува кратенката БХС со која се означуваше јазикот на кој учат децата во овој етнички мешан град.
БХС е кратенка за босански, хрватски и српски и се користеше за трите сродни јазици кои се зборуваат во Сараево.
Со одлука на Министерството, во иднина во Сараево родителите ќе решаваат на кој од трите јазици ќе се образуваат нивните деца - на босански, хрватски или на српски.
Кантоналниот министерот за образование Елвир Казазовиќ вели дека тие мораат да го почитуваат Уставот на Босна и Херцеговина, кој предвидува три одделни јазции, иако додава дека воведувањето настава на три јазици наместо на едниот БХС јазик ќе биде многу скапо.
- Ќе видеме до каде ќе отиде оваа промена. Ние мораме да ги корегираме недостатоците, откако ни беше укажано на нив. Уставот мора да се почитува. Не сакам ниту да помислам колкави ќе бидат буџетските средства потребни за ова, и колку нови лица ќе мораме да вработиме, изјави министерот Казазовиќ.
Казазовиќ вели дека досега родителите главно се определувале за настава на БХС јазикот, додека за наставата по мајчин јазик и литература се велело дека се учи босанско/хрватско/српски јазик. Во иднина, освен за часовите по мајчин јазик, можно е да мора да се воведе тројна јазична опција за сите одделни предмети.
Одлуката ја брани претседателот на синдикатот на просветните работници во кантонот, Саудин Сивро.
- Не знам што беше целта на оваа вештачка јазична творба, но таа беше целосно неуставна. Уставот познава или босански, или хрватски или српски јазик, вели Сивро, додавајќи дека за синдикатот е неприфатливо и користењето на изразот „бошњачки“ наместо „босански“ јазик.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер