Училишни спортски лиги во Карпош
Основното училиште „Војдан Чернодрински” во Карпош доби нови игралишта за фудбал и кошарка на отворено, на кои денеска беа отворени Училишните спортски лиги, во организација на општина Карпош.
Како што информира општина Карпош, од денеска почнува системот на натпревари меѓу десетте основни училишта во четирите спортови: фудбал, кошарка, одбојка и ракомет.
Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, на отворањето порача дека подобрувањето на спортската инфраструктура има за цел да се подобрат условите во кои спортуваат најмладите, но и да се овозможат дополнителни услови за рекреација на сите граѓани.
- Во текот на летниот период се направија и нови терени за баскет и фудбал во „Јан Амос Коменски”, а се реконструираше и спортската сала. Со обновата на игралиштата продолживме и во „Петар Поп Арсов”, а реконструирани терени имаме и во Бардовци и Жданец, рече Богоев.
Од општина Карпош, информираат, дека во рамки на Европската недела на спортот во Карпош ќе бидат организирани повеќе спортски настани на различни локации.
Богоев, се вели во соопштението, напоменал дека со членството на Македонија во ЕУ и НАТО се отвораат нови можности за младите преку младинските програми на ЕУ, за јакнење на капацитетите во областа на спортот и размената на вештини и знаења со европските врсници.
Ново на Сител
-
ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда
-
Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка
-
Џафери ќе информира за работата на техничката Влада
-
Путин повторно го предложи Михаил Мишустин за премиер
-
Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа
-
Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија
-
Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас