Учество на пратеникот Џеват Адеми на ПС на Франкофонијата

Пратеникот Џеват Адеми, претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата ќе учествува на 41. годишна сесија на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), што се одржува од 7 до 10 јули 2015 година во Берн, Швајцарија.
На оваа сесија на Парламентарното собрание на Франкофонијата, ќе учествуваат делегации на 79 секции на земји и региони, членки на ПСФ.
Паралелно со одржувањето на оваа сесија, соопшти денеска собраниското Одделение за односи со јавноста, се одржува и 7. сесија на Парламентот на младите франкофони на Парламентарното собрание на Франкофонијата.
„Охрабрување на пристапот до квалитетна обука за сите - приоритетен предизвик за Франкофонијата”, е темата за дебата на сесијата, а ќе се разгледуваат и извештајот на парламентарниот генерален секретар на ПСФ Паскал Терас, извештаите на комисиите на ПСФ. Највено е и усвојување на предлог-резолуции и препораки, како и други прашања поврзани со соработката меѓу парламентите од франкофонските земји.
Ново на Сител
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
