Ученици од три села утринава не стигнаа на настава
Ученици од селата Рич, Попчево и Раборци денеска не стигнаа на настава во училиштето „Маршал Тито“ во Струмица бидејќи патот до овие села не е прооден поради снег.
Од општина Струмица информираат дека се прават напори со механизацијата да се исчисти патот до овие населени места.
Улиците во централното градско подрачје се оспособени за сообраќај. Според информации од ЈПКД „Комуналец“ улиците се чистат од синоќа, а на поголем дел од сообраќајниците е фрлено сол и ризла. Досега механизацијата поминала два пати по улиците.
Засега непроодни се улиците во повисокиот дел на градот. Од комуналното претпријатие апелираат до сопствениците на автомобилите да ги отстранат за да може механизацијата да помине таму и да го исчисти снегот.
Во Струмица од синоќа снегот интезивно врне и според податоци од Центарот за управување со кризи во Струмица се наталожиле 12 сантиметри. Сите регионални и магистрални патишта во Струмичко се проодни во зимски услови и апелираат до возачите на внимателно возење и поседување соодветна зимска опрема
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
