Македонија
16. February 2018 - 13:57

Уцени и измами на Фејсбук - фотографии од гостиварка злоупотребени преку лажен профил

Четириесетгодишната гостиварка Л.Л. (40) вчера пријавила дека непознат сторител ги злоупотребил нејзините лични податоци на тој начин што креирал лажен профил на социјална мрежа. 

На лажниот профил била поставена фотографија од нејзината сестра, биле преземани и објавувани повеќе фотографии од нивното семејство, како и фотографии со недолични содржини.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.