Убиство со секира во центарот на Белград - сторителот ја пречекал полицијата

Во центарот на Белград, во куќа лоцирана зад старата зграда на БИП, утрово околу 7 часот се случи убиство кое ја крена на нозе полицијата во главниот град.
Според првичните информации на надлежните служби, помлад маж на 26-годишна возраст со употреба на секира лишил од живот засега непознато лице.
Како што дознава Телеграф.рс, рано утрово во полиција било пријавено тешкото злосторство, по што полициска патрола веднаш била упатена на наведената адреса.
На местото на настанот е затекнат 26-годишниот осомничен, кој според неофицијални извори од истрагата, сам ја сочекал полицијата и признал што сторил.
„Го убив со секира“, наводно рекол младиот човек кога полицијата пристигнала на имотот зад БИП.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи веднаш го лишиле од слобода осомничениот, му ставиле лисици и го привеле во полициска станица.
Локацијата околу куќата каде што се случило убиството веднаш била блокирана за да се обезбедат сите материјални докази.
На местото на убиството во моментов се наоѓаат голем број полициски патроли, како и екипи на крим-техника. Во тек е детална истрага за да се утврдат сите околности на оваа страшна трагедија, мотивот на нападот, како и односот меѓу убиецот и жртвата.
Идентитетот на убиениот маж се уште не е официјално познат, а полициските органи работат на негова целосна идентификација.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
