Балкан
4. April 2024 - 15:59

Убијците на Данка си размениле порака: „Го виде ли видеото од Виена, се извлековме“

Убијците на Данка паднале на тест со полиграф и денеска го признаа злосторството. Клучниот момент беше објавувањето на видеото од Виена, кога двајцата си размениле порака „Го виде ли ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата.

Српски државјанин сними видео со две жени и дете кое личи на Данка во Виена, по што се сметаше дека девојчето е украдено. Но, се покажа дека тоа дете не е Данка.