Убиен е лидерот на ИД во Авганистан

Лидерот на авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава, Абдул Хасиб е убиен при операција на авганистанските специјални сили во источната провинција Нангархар, соопшти синоќа претседателот на Авганистан, Ашраф Гани.
Хасиб беше избран за лидер на групата минатата година, откако неговиот претходник Хаиз Саид Хан загина при воздушен напад на американски дрон.
Се оценува дека по негова наредба се организирани бројни напади, вклучително и оној во март годинава врз воената болница во Кабул, што беше извршен од борци маскирани како лекари.
Американската војска потврди дека лидерот на ИД во Авганистан Абдул Хасиб е убиени во воена операција кон крајот на април.
При операцијата на авганистанските командоси и американски војници се убиени уште неколку команданти и 35 борци на терористичката група, стои во соопштението на командата на американската војска во Авганистан.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
