Убиецот од Кочани во полиција се однесувал крајно смирено како ништо да не се случило
Убиецот од Кочани во полицијата се однесувал како ништо да не се случило. Во кумановскиот затвор се' уште не побарал ниту вода, ниту леб, објави Телевизија Стар.
Убиецот од Кочани во полицијата и пред истражниот судија се однесувал крајно смирено. Не разговарал со никого ниту пак одговарал на прашањата од истражните органи. Во полициската станица во Кочани и кај истражниот судија тој бил до доцна синоќа, но од него тие не слушнале ништо ново.
Имено, истражните органи поседуваат несоборливи докази дека тој е суровиот убиец, а истрагата веќе обезбедила и сведоци. Доцна во ноќта, Усеин Рашидов е пренесен во кумановскиот истражен затвор и е во притворскиот дел. До утринава тој не побарал ниту вода, ниту леб, а извори за ТВ Стар велат дека таму исто така не прозборел ниту збор.
Усеин Рашидов вчера изутрина со 40 жестоки убоди од нож ја усмрти Танкица Младеновска на возраст од 46 години. Нејзиниот погреб е денеска во 13 часот во Кочани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
