-->
-->
Убиецот на младиот Македонец во Мелбурн на сослушување во суд
-->

Милош Новаковиќ (29) е обвинет за убиството на Дени Димовски (31) за време на тепачката во саботата во ресторан во западниот дел на Мелбурн. Димовски бил неколку пати прободен со нож за време на една тепачка во ресторанот „Корзо".
На сослушувањето во судот Новаковиќ се соочи со обвинението и за убиство и кражби.

Дени ДимовскиСпоред полицијата Новаковиќ со уште неколку лица упаднале во ресторанот за време на приватна забава по што настанала тепачка во која настрада Димовски.
Австралиските медиуми јавуваат дека Новаковиќ за време на краткото сослушување бил смирен и не побарал ослободување од притворот со кауција. Тој ќе остане во притвор сѐ до рочиштето закажано за 12 февруари наредната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
-

Франција ги продолжи полициските часови за да ги смири немирите и грабежите
-

Ученик претепан на голем одмор пред среднo училиште во Скопје, еден од напаѓачите извадил пиштол
-

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври
