-->
-->
Убиецот на Мартин Јанушев призна вина и доби 9 години и 4 месеци затворска казна
-->
Пресудата за Филип Секуловски познат како Кобра беше изречена денеска во Кривичниот суд, откако тој го признал делото уште на стартот на самото судење.
По ова судот не се впушти во доказна постапка и ги ценеше околностите кои што може да бидат олеснителни за сторителот. Инаку убиството на Јанушев се случи на 3 ноември 2017 година пред влезот на зградата во Аеродром каде живееше жртвата,а веднаш откако го стори делото Секуловски побегна. Во бегство беше речиси две години, по што сам се пријави и е се уште во притвор. Дваесет и осум годишниот- Кобра, утрината на денот на убиството излегол на викенд од затворот каде издржувал казна затвор од 20 месеци за трговија со дрога. Попладнето стигнал пред зградата каде што живеел Јанушев, откако претходно го повикал да се пресметаат. Иако и Јанушев кај себе го имал пиштолот на татко му, обвинетиот прв извадил пиштол и го застрелал со пет проектили. Јанушев почина на лице место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
