Уапсено е момчето кое ја прогонуваше Ријана
Момчето кое на социјалните мрежи се претставувало како Алекс Меркор и Ралф Александар, вчера е уапсен во Лос Анџелес, поради сомнение дека ја прогонувал популарната пејачка Ријана, пренесува „ТМЗ“.
Откако полицијата го привела момчето кое ја следело Ријана, потврдено е дека зад заканувачките пораки и вознемирувачките фотографии, кои од април минатата година пристигнуваат на адресата на популарната пејачка, се крие ова момче.
По повеќемесечното вознемирување, момчето кое ја следело Ријана своевремено на социјалните мрежи напишал дека добил дозвола за оружје, а потоа објавил фотографија од пред нејзината вила со порака: Требаше да ја убијам Ријана пред пет минути, сега ќе ми беше многу полесно.
Меѓутоа, полицијата во Лос Анџелес дури сега успеала да влезе во трага на оној кој и се заканувал на Ријана, откако добиле налог за претрес на неговата куќа и неговиот компјутер. Со истрагата е утврдено дека момчето, освен пораки, на пејачката и испраќал и снимки на кои се гледа како се самозадоволува.
По апсењето, Алекс Меркор е префрлен во психијатриска болница, пишува „ТМЗ“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници