Уапсените борци на ИД биле радикализирани од оџата Мемиши
Седуммината борци за Исламска држава кои во вторникот беа уапсени на Меѓународниот аеродром Скопје, а заробени во Сирија во соработка со Глобалните коалициски сили и логистичка поддршка на САД и депортирани во Македонија, биле ученици на оџата Реџеп Мемиши од чаирската џамија „Тутунсуз“, кој пак минатата година беше осуден на седум години затворска казна за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во редовите на ИД.
Терористите, кои по потекло се од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар на возраст од 23 до 41 година, биле донесени со воен авион, а според полициски извори, уапсените дури биле и среќни што со лисици на рацете се вратени во матичната земја, со оглед на тоа што повеќето приведени во Сирија и Ирак биле ликвидирани. Сите ќе одговараат по член 322а, а еден од нив и по член 394а од Кривичниот закон.
Акција за апсењето на терористите се оценува како успех, а според безбедносните служби, тоа ја подигнува безбедносната состојба во Македонија на повисоко ниво бидејќи повеќе години биле барани по потерници и процесуирани во нашата земја.
Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот, а македонските безбедносни служби во таа насока соработуваат со сите странски партнерски служби. Во таа насока, МВР во 2014 година по измените на Кривичниот законик спроведе акции против ИД во Македонија.
По акциите Ќелија 1 и 2, првата во 2015, а втората следната година, нема повратници од боиштата на ИД, како што се очекувало. Во првата операција беа уапсени девет лица, а по 27 осомничени се трагаше. Во втората беа успени четири лица.
Од полицијата уверуваат дека во рамки на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Македонија продолжува и понатаму со континуирани активности во насока на детектирање, идентификување, неутрализирање и кривично гонење на странски терористички борци.
-Република Македонија како една од земјите коja ги прифати Резолуциите 2178 (2014) и 2396 (2017) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, презеде обврски за кривично гонење на своите државјани кои како странски терористички борци учествувале во кризните боишта во Сирија и Ирак и нивно враќање во матичната земја, почитувајќи го домашното и меѓународното право, како и основните човекови права и слободи, се вели во соопштението на МВР по приведувањето на терористите.
Владата работи на превенција, наместо на репресија
МИА пред неколку месеци пишуваше за мерките кои за превенција и рано дијагостицирање на овие феномени во македонското општество Владата ги усвои како дел од реформите содржани во Планот 3-6-9.
Владата усвои две стратегии. Едната е фокусирана на борба против тероризмот, а другата на превенирање на насилен екстремизам, каде секако спаѓа и радикалниот ислам.
Стратегиите за борба против тероризам и за спротивставување на насилен екстремизам ги достави Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот, кои сега треба да ги спроведат во пракса.
Во Македонија, како што тогаш изјави за МИА, националниот координатор за борба против тероризам и спречување насилен есктремизам, Борче Петревски, Стратегија за борба против тероризмот првпат е донесена во 2011 година. Во 2014 година првпат беше назначен национален координатор, а втората Стратегија е донесена во 2015 година.
САД и ЕУ и препорачале на земјава, насилниот есктремизам како феномен да се одвои од тероризмот и фокусот да се стави на превенцијата, наместо на репресијата.
Исто така како главен проблем, кој е посочен од ЕУ е недостигот на координација меѓу сите инволвирани институции во превенирање на овие феномени, нешто на што сега, како што рече Петровски, интензивно се работи.
При изработката на стратегиите предвид се земени пред се условите во Македонија и регионот на Западен Балан, но и европската стратегија, Стратегијата на ЕУ, на ОН, на САД, на Холандија.
- Треба да се почне од јадрото, месната заедница. Да се постигне национално помирување и градење вредности, да се подигне свеста на луѓето на локално ниво, преку НВО секторот, преку меѓународните организации. Целта е репресијата да се замени со превенција, да се воведе мек пристап, тие луѓе да се вратат во нормала, вели Петревски.
Од септември во училиштата е планирано на класните часови да се говори за темата насилен екстремизам, а вакви содржини да се вметнат и во учебниците. Предвидени се обуки за настаvниците, но и за родители на родителските совети.
Сето тоа би се правело преку локалните совети за превенција, кои во моментот во повеќето општини не функционираат. Затоа приоритет во соработката е ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа и градоначалниците.
Борис Куноски/МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра