Уапсени над 20 анархисти за упадите во турскиот конзулат и на шалтерот на „Туркиш ерлајнс“ на солунскиот аеродром
Пред јавен обвинител претпладнево ќе бидат изведени 22 анархисти кои вчера беа уапсени за двата инциденти во Солун – едниот за упадот во турскиот конзулат, другиот на шалтерот на „Туркиш ерлајнс“ на солунскиот аеродром, jави дописничката на МИА од Атина.
Во првиот инцидент биле приведени 12, а во вториот 10 лица. И зад двата упади стојат анархистичките групи „Иницијатива за слобода од Солун“ и „Рубикон“, кои ја презедоа одговорноста, објаснувајќи дека биле во знак на солидарност за Курдите и против турската операција во Сирија.
Првиот упад беше во дворот на Конзулатот на Турција во Солун, што наиде на осуда од Министерството за надворешни работи на Грција, а вториот неколку часа подоцна на солунскиот аеродром во делот каде што се канцелариите на турската авиокомпанија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови