Уапсени две лица во Неготино и Кавадарци, возеле со по 1.81 и 1.95 промили алкохол во крвта

Две лица од Неготино и Кавадарци се лишени од слобода, кои своите возила ги управувале возила под дејство на алкохол, соопшти Министерството за вантрешни работи.
Како што информираат од МВР, синоќа во 21:40 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.М.(65) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал М.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.81 промили алкохол во крвта.
Во вториот случај, утрово во 01:10 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Т.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.95 промили алкохол во крвта.
Од МВР најавуваат дека по документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-

Прв академски час на УГД - обраќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
-

Вештакот на Јованов тврди: „Пулс“ не бил реконструиран, туку само ентериерно уреден
-

Уапсени 20 лица во акцијата во Прилеп
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

КОС: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
