Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.
Во Скопје, четири лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, додека две лица од Кавадарци управувале мотоцикли без положен возачки испит.
Исто така, возач од Скопје управувал мотоцикл без возачка дозвола, а моторциклот бил и без важечка регистрација.
Во изминатото деноноќие лишени од слобода биле и две лица кои управувале возила под дејство на алкохол. Возач од Македонска Каменица управувал мопед, при што при извршена контрола му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта, додека возач од Скопје управувал товарно моторно возило со 2,20 промили алкохол во крвта.
По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без возачка дозвола, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување и почитување на законите можеме заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
