Уапсен вториот човек на опозицијата во Венецуела

Силите за безбедност на Венецуела го уапсија вториот човек на опозицискиот „конгрес“ Едгар Самбрано, по минатонеделниот неуспешен обид за воен удар.
Владата на Венецуела го прогласи Самбрано и уште осум припадници на опозициското движење за предавство на татковината и за поттикнување на бунт поради нивната улога во минатонеделните немири.
Врховниот суд на Венецуела вчера побара од Уставното собрание, провладино законодавно тело, мислење за отворање кривична постапка против опозициските пратеници. Собранието треба да утврди дали ќе биде можно да се истражи вина кај пратениците, вклучувајќи заговор, предавство и бунт.
Во април, Уставното собрание, на слично барање од Врховниот суд, одобри мерки, вклучувајќи и судење за опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.
Ново на Сител
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
