-->
-->
Уапсен валандовец кој под дејство на алкохол направил сообраќајка
-->
Вчера во 12.30 часот на ул.„Првомајска“ во Валандово, полициски службеници го лишија од слобода Ѓ.Д.(59) од Валандово. Имено, претходно тој со патничко возило „сеат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во столб, а по преземени мерки и вршење увид, полициските службеници констатирале дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, известија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер