Македонија
8. July 2023 - 16:37

Уапсен тетовец кој вознемирувал и се заканувал на поранешна девојка

Вчера во 22.40 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Р.(25) од с.Добарце, тетовско, постапувајќи по пријава од женско лице од тетовско, со кое порано бил во љубовна врска, според која ја вознемирувал и ѝ се заканувал, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.