Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 21.04.2026 до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.Љ. (27) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по чл.215 од КЗ.
На 20.04.2026 од страна на ОСОСК во содејство со СВР Скопје, околу 22:00 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје е сопрено патничко возило „мерцедес“ управувано од лице од Скопје, во кое како совозач бил и Е.Љ..
При извршен преглед на Е.Љ., кај него се пронајдени 29,24 грама кокаин. Е.Љ. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
