Уапсен скопјанец кој бил во бегство 17 години
Полициски службеници од Отсекот за потраги при единиците за внатрешни работи Кисела Вода и Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје, вчера, на Љуботенски пат, атар на село Радишани, во непосредна близина на клучка Радишани, го лишиле од слобода А.Р.(63) од Скопје, кој бил во бегство од пред 17 години, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна, велат од МВР.
Ново на Сител
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите