Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога

На 13.05.2026 во 16:35 часот на улица „Илинденска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.П.(39) од Охрид. Тој се сомничи дека во периодот од 12:30 до 13:30 часот во Охрид со употреба на сила од Ј.Б.(28) од Германија одзел мобилен телефон.
Откако бил спроведен во Полициската станциа Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и задржан.
Подоцна, со судска наредба, во периодот од 20:40 до 22:20 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории во Охрид.
При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, семки од растението канабис, стебло од растението канабис и други предмети погодни за одгледување на канабис.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинтиел, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
