Фудбал
29. September 2015 - 18:54

Уапсен навивачот кој смртно му се закануваше на Валбуена

 Навивач на Олимпик Марсеј е уапсен заради смртни закани упатени до фудбалерот на Лион, Метју Валбуена, за време на меѓусебниот меч одигран на Велодром на 20. септември годинава.
 
Како што соопштува француската полиција уапсен е 27-годишен навивач, чиј идентитет ќе остане тајна, заради упатување дирекни смртни закани кон Валбуена кој е поранешен фудбалер на Марсеј.
 
Валбуена беше миленик на навивачите на Олимпик за време на 8. години што ги помина на Велодром, пред  да премине во московски Динамо, а на почетокот од сезонава потпиша за Лион, чекор којшто беше еден вид предавство за навивачите на Марсеј.
 
Пред почетокот на мечот група навивачи истакнаа обесена кукла со ликот на Валбуена, а за време на и по натпреварот во различни инциденти беа уапсени седум навивачи на домаќините од кои тројца се осудени на затворски казни.