Свет
26. December 2018 - 10:57

Уапсен монструм кој со автобус усмрти 8 лица: Се скарал со локален моќник па тргнал да гази луѓе по улица

Полицијата уапси маж кој во вторникот во Фуџен, град на југоситокот на Кина, под закана со нож грабна автобус и потоа се залета во мотоциклисти и автомобили на улица, усмртувајќи 8 лица.

Се утврди дека напаѓачот е 48-годишен маж.

Првите резултати од истрагата укажуваат дека пред нападот осомничениот дошол во судир со еден локален моќник со кој веќе подолго време бил во лоши односи.

 

Во вчерашниот напад се повредени 22 лица, меѓу кои едно лице е во критична состојба.