Уапсен крадец во Велес, извршил повеќе кражби во еден ден

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 16:30 часот, го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш.
Како што соопшти денеска МВР, тој се сомничи дека во текот на денот извршил неколку кражби во Велес, односно од дом на 70-годишната С.С., одзел два мобилни телефони, од домот на 81-годишната П.С. еден мобилен телефон, од Љ.Љ.(68), додека бил во бифе, паричник со пари и од 46-годишната Н.К., додека била на работа во продавница, одзел паричници со пари. Кај него биле пронајдени мобилните телефони, како и дел од парите и еден паричник и тие се вратени на сопствениците.
-При прегледот кај него биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена растителна материја, а во извршениот службен разговор кажал дека купил поголема количина дрога од која подоцна им дал на други две лица, со што сторил и кривично дело по член 216 од Кривичниот законик „овозможување на употреба наркотични дроги“, велат од МВР.
Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
-

Последни подготовки за Вевчански карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
