-->
-->
Уапсен Иво Санадер
-->
Полицијата влезе во куќата на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер на улицата Козарчева во Загре по околу 16 часа откако од окружниот суд на Загреб доби налог за апсење на екс-претседателот на ХДЗ, Санадер, кој беше осуден од Врховниот суд во случајот Планинска е спроведен во истражен затвор. Од полицијата велат дека спроведувањето е "е во процес на постапување со цел да се изврши судскиот налог".
Иво Санадер беше изнесен од неговата куќа во автомобил кој го одведе во притворот Реметинец.
Иво Санадер доби решение за притвор откако беше измената првостепената пресуда и беше изречена затворска казна повеќе од пет години, потврди портпаролот на окружниот суд во Загреб, Крешимир Девчиќ.
"Ова автоматски е задолжителен притвор", рече Девчиќ.
Одлуката за истражен затвор беше донесена до окружниот суд, кој веднаш издаде наредба за спроведување и ја достави до полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
