-->
-->
„Уапсен“ глушец кој им носел дрога на затворениците
-->

Чуварите во затворот Бара да Грота во северниот бразилски град Арагуаина фатиле дилер кој подолго време им носел дрога на затворениците.
Ова и не би била некоја вест, доколку не се работеше за глушец.
Затворските власти забележале дека затворениците се дрогираат, но не успеале да утврдат од каде доаѓа дрогата. Поради тоа, биле поставени камери кои снимале сомнителни локации и затвореници.
Но, за жал ниту тоа не им помогнало. Дилерот бил пронајден сосема случајно од чуварите, а верувале или не тоа бил еден обичен глушец.
Како што соопштил директорот на затворот Карлос Гомез глувчето транспортирало повеќе од 50 паќетчиња со кокаин и марихуана до затворениците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
