Уапсен човекот кој поради облог предизвика смртоносна полициска интервенција
Полицијата во американскиот град Вичита го идентификуваше и уапси човекот кој поради облог предизвика полициска интервенција во која беше убиен недолжен граѓанин.
Тајлер Реј Берис и бил познат на полицијата по претходни пријави за подметнати бомби и други лажни инциденти. Тој дури се фалел со тоа како лажно ги алармирал полицајците и предизвикувал интервенции на силно вооружени полициски сили пријавувајќи измислени заложнички драми или терористички напади.
Во четвртокот вечер Берис се јавил во полиција велејќи им дека го убил својот татко, го држи своето семејство како заложници и дека ќе ја запали куќата. Притоа тој им дал лажна адреса за инцидентот. Според првичните полициски информации, Берис го направил ова поради облог со свој пријател со кого играле видео игри на денот на инцидентот.
Кога полицајците интервенирале на адресата што им била дадена, вратата им ја отворил 28 годишниот Ендрју Финч, татко на две деца. Полицајците му наредиле да ги крене рацете во воздух. Тој ги послушал, но откако, по некое време, ги симнал рацете, еден од полицајците отворил оган и го убил Финч.
Инцидентот предизвика гневни реакции во САД, со повици за долга затворска казна за Берис.
Ново на Сител
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија