-->
-->
Уапсен Бугарин поради продажба на авиоделови на Сирија
-->
Бугаринот Жељаз Андреев е уапсен во САД под обвинение за илегална продажба на авиоделови и авионска опрема на Сирија, соопшти денеска амиканското Министерство за правда.
Андреев работел во бугарската канцеларија на компанијата „АВ-Троникс“, со седиште во Мајами.
Опремата, која била за двојна намена - и за воена и за цивилна, Андреев ја продал на авиокомпанија во сопственост на сириската Влада.
Во соопштението се наведува дека канцеларијата на американскиот Трезор за контрола на странски имот, ја блокирала авиокомпанијата поради транспорт на оружје и муниција во Сирија и поради поврзаноста со терористичката организација Хезболах и иранската Револуционерна гарда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер