Уапсен бразилскиот „крал“ на кокаинот

После 20 години бегство, во еден луксузен хотел во Мапуто, главниот град на Мозамбик, е уапсен еден од најбараните криминалци во Бразил.
Жилберто Апаресидо дос Сантос (49), наречен „Фумињо“, кој е упасен заедно со уште двајца соучесници од Нигерија, е обвинет за организирање трговија со дрога за еден од најмоќните бразилски картели.
Апсењето го спровеле Интерпол, американски служби против трговија со дрога и бразилската федерална полиција.
„Фумињо“, кој наводно е водач на наркобандата First Capital Command (ПЦЦ) со седиште во Сао Паоло, е обвинет за испорака тони кокаин низ целиот свет.
– Затвореникот се сметаше за најголем снабдувач на кокаин на банда која работи во цел Бразил, како и дека е одговорен за испраќање тони дрога во неколку земји, се вели во соопштението на бразилската полиција.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
