-->
-->
Уапсен 27-годишник од Радовиш, пронајдена е марихуана и дигитална вага
-->

На 18.02.2024 во 16.05 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Т.(27) од Радовиш.
Откако бил забележан од полициските службеници, тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Притоа, во близина на местото биле пронајдени неколку пакувања марихуана и дигитална вага, кои биле подигнати за понатамошна постапка.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
