Фудбал
13. February 2024 - 8:27

У19: Македонските фудбалерки новата сезоната ја стартуваат со гостување во Црна Гора

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со два контролни натпревари овој месец на гостински терен против Црна Гора ќе ја почне новата сезона во која во април ги очекува настап во Б-дивизијата во Лигата на нации на УЕФА.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко, како што е соопштено денеска, двата контролни дуели против Црна Гора ќе ги одиграат на 17 и на 19 февруари во Цетиње.

Квалификацискиот турнир во Б-дивизијата во Лигата на нации ќе се игра во Молдавија, од 3 до 9 април.

Македонските фудбалерки за противници, покрај домашната селекција, ќе ги имаат и Велс и Литванија.

Првопласираната селекција од групата ќе обезбеди пласман во А 0 дивизијата за сезоната 2024/15.