-->
-->
Туск во Македонија за бегалската криза
-->

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе ја посети Република Македонија, како дел од неговата агенда за изнаоѓање начин за менаџирање и решавање на бегалската криза.
Туск, како што најави неговиот кабинет, во Скопје ќе се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
- Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе бидат напорите за постигнување на заедничко европско решение за бегалската криза, како и процесот на евроинтеграција на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Иванов.
Предвидено е најнапред да се одржи тет - а - тет средба на Иванов и Туск, а потоа пленарен состанок на двете делегации.
Првиот човек на Евросоветот до 3 март, покрај Скопје, ќе ги посети и Виена, Љубљана, Загреб и Атина. Целта на оваа негова мини турнеја, според соопштението од Советот на ЕУ, е „градење на европски консензус за справување со миграциската криза и подготовка на Самитот со Турција закажан за 7 март во Брисел и Самитот на Европскиот совет на 17-18 март“. Од кабинетот на Доналд Туск соопштија дека челникот на Европскиот совет исто така ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со извршниот директор на Фронтекс, Фабрис Легери и тоа во петок (4 март) во Брисел.
Посетата на Туск на земјите низ кои се протега западнобалканската мигранстка рута е во контекст на неодамнешната одлука на Самитот на Европскиот совет да се врати ситуацијата кога сите членки на Шенген зоната „целосно ќе го применуваат Шенгенскиот граничен кодекс и ќе одбијат влез на надворешните граници на државјани на трети земји што не ги исполнуваат условите за влез или кои не доставиле барање за азил и покрај тоа што имаа можност да го сторат тоа“.
- За реставрацијата на целосното функционирање на Шенген зоната ќе биде потребно време и тоа мора да биде придружено од мерки за решавање на хуманитарните последици за земјите-членки што се погодени, како со хуманитарна помош за сириските бегалци и за земјите од соседна Сирија, се наведува во соопштението на Европскиот совет по повод посетата на Туск на земјите од Западен Балкан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
-

УХМР: Во вчерашното невреме на повеќе локации во државата беа регистрирани оркански удари на ветер
-

Мицкоски за штетите од невремето: Имаме механизми за помош, никогаш не сме ги оставиле граѓаните да се снаоѓаат сами
-

Над 30 повредени во силното невреме што вчера го зафати Скопје
