Турските здравствени власти планираат да вакцинираат над еден милион луѓе дневно
Турското Министерство за здравство е подготвено да администрира повеќе од еден милион дози вакцини против Ковид-19 дневно, јави Си-Ен-Ен-Турк.
Вакцините можат да се даваат во 1.500 јавни и приватни болници, како и во многу мали клиники. Досега, повеќе од 28 милиони луѓе се вакцинирани во Турција. Кампањата за вакцинација почна во јануари. Во земјата се вакцинира со Синовак и Фајзер/Бионтек. Наскоро се очекуваат и испораки на руската вакцина Спутник В.
Вкупниот број на вакцинирани во земјата се очекува да достигне 50 милиони во јуни, а кампањата ќе продолжи во јули и август.
Според Си-Ен-Ен-Турк, 85 проценти од Турците постари од 65 години веќе биле имунизирани. Во исто време, интересот на младите за вакцинација е многу помал, но здравствените власти планираат да формираат специјални тимови за да ги убедат младите во придобивките од вакцините против Ковид-19.
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања